Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад во оваа земја, при што загинаа 50 лица. Поради сето она што го направи за својот народ, нејзината фотографија осамна на врвот на Бурџ Калифа.
Нејзината фотографија беше дизајнирана во петокот на највисоката зграда во светот, објави „Си-ен-ен“.
„Благодарам Џасинда за храброста, поддршката и емпатијата што ги освои срцата на многу муслимани во светот, кои беа погодени од терористичкиот напад што се случи во Нов Зеланд“, напиша министерот Шеик Мохамед на „Твитер“.
На зградата се појави фотографијата на премиерката како гушка Новозеланѓанец по нападот, а над нивните глави е додаден зборот „мир”.
Фотографијата е поставена на надморска височина од 830 метри, а луѓето сметаат дека ова е одличен начин да ѝ се заблагодарат на Ардерн, која порано вниманието на јавноста го привлече со тоа што стана најмладиот женски лидер во светот во 2017 година.
„Нов Зеланд страда со вас, сите ние сме едно. Ние чувствуваме сè како едно тело, и кога еден дел од телото страда, тогаш целото тело чувствува болка”, рече Ардерн пред повикот за молитва во петокот.
Во нападите на две џамии на 15 март, 50 лица загинаа, а 48 беа повредени.