Израелската армија го обвини Исламската движење на отпорот „Хамас” за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од појасот Газа и почна да испраќа војници на границата со Газа, како и мобилизација на резервисти.
Израелската армија објави дека ќе распореди две дополнителни бригади на југoт од земјата и ги повика резервистите откако е истрелана ракета од појасот Газа која погоди куќа во централен Израел, при што беа повредени седум лица.
Портпаролката на армијата им изјави на новинарите во телефонски разговор дека во таа област ќе бидат распоредени уште две дополнителни бригади, пешачка и оклопна, додавајќи дека се повикани припадниците на резервната група за специјални задачи.
Таа рече дека ракетата истрелана од Рафах во јужниот дел од појасот Газа директно ја погоди куќата во Мишмере, 30 километри североисточно од Тел Авив.
Според армијата, ракетата била произведена од Хамас и има опсег од 120 километри.
Иако палестинските милитанти често пукаат ракети во областите околу Појасот Газа, ретко се случува да погодат далечни области. Растојанието од Мишмере од Појасот Газа е поголемо од 100 километри.
Портпаролката не ги коментираше известувањата дека ракетата била случајно истрелана поради лошите временски услови.
Поради ракетниот напад врз Израел од Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја скрати посетата на САД.