Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток откако кралот и неговата сопруга, кралицата Летиција, беа принудени да чекаат во својот авион по пристигнувањето во аеродромот во Буенос Аирес неделата вечерта, пренесува „Ла вангардија“.
Авионот „ербас“ на шпанскиот крал, изработен по нарачка, заглави околу 15 минути на пистата, чекајќи да стигне до својата дестинација по слетувањето. Потоа, по паркирањето, шпанското кралско семејство помина речиси еден час заглавено во авионот откако донесените скалила беа премали за да стигнат до главната врата на авионот.
Засрамувачкиот инцидент ги принуди шпанските и аргентинските министри за надворешни работи, другите почесни гости и традиционалната почесна гарда да стојат околу на пистата, чекајќи да се испорачаат соодветни скалила. Првично дури било предложено да се пренасочи авионот на посебен аеродром во главниот град, но на крајот биле пронајдени соодветни скалила.
Се верува дека четиридневната посета на кралската двојка во Аргентина е насочена кон демонстрирање на интензитетот на билатералните врски и намерата тие да продолжат да се продлабочуваат и диверзифицираат. Во текот на постетата планирани се разговори со аргентинскиот претседател Маурисио Макри и разговори на кралот Филипе со аргентински пратеници и бизнисмени.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, рече дека посетата има за цел да ја прикаже постојаната поддршка од Мадрид за институционалните и економските реформи на Аргентина.