Пејачката и актерка Барбра Стрејсенд (76) наиде на неодобрување поради коментарот на сметка на Мајкл Џексон во документарецот „Оставајќи ја Недојдија“.
Актерката изјави за британски „Тајмс” дека верува во она што го кажале Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак – дека кралот на попот сексуално ги злоупотребувал на неговиот ранч кога биле момчиња, но таа застана во одбрана на Џексон.
„Можете да кажете ‘злоупотребени’, но овие деца, како што слушнавте, велат дека биле возбудени поради тоа што биле таму. Двајцата се во брак, и двајцата имаат деца, така што тоа не ги убило. Неговите сексуални потреби се негови сексуални потреби, кои се производ на детството што го имал или ДНК што ја имал. Жал ми е за децата. Жал ми е за него”, рече Стрејсенд.
Покрај тоа, Барбра истакна дека верува дека родителите им овозможиле на своите синови да бидат злоупотребени.
Таа подоцна кажа дека родителите на овие две деца „исто така биле жртви, и биле заведени со слава и фантазија”.
Потоа таа јавно се извини на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BvXXNCyH-4c/?utm_source=ig_embed
„Длабоко жалам за болката и недоразбирањето што го предизвикав со моите невнимателно избрани зборови за Мајкл Џексон и неговите жртви, бидејќи пишаните зборови не ги одразуваат моите вистински чувства. Не сакав да ги минимизирам траумите што ги доживеаја овие момчиња, во никој случај. Како и сите жртви на сексуално вознемирување, тие ќе мора да го носат тоа со нив до крајот на својот живот. Изразувам длабоко жалење и се надевам дека Џејмс и Вејд знаат дека навистина ги почитувам и им се восхитувам поради откривањето на вистината“ напишано е на профилот на „Инстаграм“ на американската уметница.