Ѓорге Иванов и во последните денови од мандатот продолжува да биде кочничар на реформите, да работи спротивно на државните интереси и интересите на граѓаните. Најновата форма на деструктивниот Иванов е да не ги потпишува указите за реформските закони кои се важни за напредокот, важни за граѓаните- вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
-Иванов не ги потпиша Указите за Законот за оперативно техничка агенција и Законот за електронски комуникации, донесени со консензус во Собранието.
Реформските закони, за ОТА и за електронските комуникации, значат суштинска реформа во безбедносните служби и се важен чекор кон интеграцијата во ЕУ и добивањето датум за преговори.
Овие закони се поддржани и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со непотпишувањето на указите, Иванов застана против реформата на безбедносните служби, против напредокот, против интеграцијата во ЕУ. Иванов се потврди како кочничар на напредокот. На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација.
Добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните- вели Костадинов.