Компанијата „Епл” денеска во аудиториумот „Стив Џобс” во Купертино во американската сојузна држава Калифорнија, го претстави сопствениот стриминг сервис „ЕплТВ+”.
Претплатата за „ЕплТВ+” изнесува 10 долари и преку таа платформа може да се гледаат содржини од популарните кабелски телевизии, како и видео од самата компанија. Претходно „Епл” веќе склучи договори со ТВ каналите Ејч-Би-Оу и Си-Би-Ес. Сервисот ќе биде достапен за корисниците во повеќе од 100 земји.
За време не презентацијата беше соопштено дека компанијата ја обновила информативна платформа „Епл Њуз”, преку која претплатниците ќе имаат можност да читаат разни изданија. Месечната претплата за „Епл Њуз” е 9,99 долари.
„Епл” исто така откри дека пушта во употреба и нов сервис за игри „Аркејд”. Оваа платформа дава можност за пристап до „Ап Стор” каде може да се симнуваат стотици компјутерски мобилни игри. Претплатата за овој сервис, достапен во 150 земји, се уште не е одредена.