Премиерот Зоран Заев за утрешниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.
– Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција – рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“.
Претседателските кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска се скоро изедначени со рејтингот, покажува анкетата на М Проспект, објави Телма.
За Пендаровски би гласале 25%, а за Силјановска 22.4%. 18.3% од анектираните изјавиле дека уште не одлучиле за кого ќе гласаат.
17.9% не би гласале за ниту еден од понудените кандидати.
15.2% од Албанците би гласале за претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, покажува анкетата на М Проспект, која беше вечерва во презентирана во Топ тема на Телма.
Професорката Гордана Силјановска, кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од Пендаровски, има поголема поддршка кај македонските гласачи.
Кандидатот на Алијансата за Албанците и на БЕСА, Блерим Река има голема поддршка од поддржувачите на ДУИ, и тука убедливо води пред оваа поддршка која ја ужива Пендаровски. За Река ќе гласаат 10.9% од избирачите.
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, би победил во вториот круг од претседателските избори со околу 6 отсто разлика.
Буквите кои беа извадени од натписот на владината фасада на 11 февруари ќе бидат поставени по претседателските избори кога треба да биде испишан натписот со новото уставно име, изјави денеска генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
„Тоа е процедура што налага тендерски постапки и можете да очекувате тоа да се случи по завршување на изборите, согласно тоа дека за време на избори тендерски постапки што не се во годишниот план за јавни набавки не може да се спроведуваат, рече Рашковски.
Движењето Беса потврди дека добило покана од Министерството за правда да се вклучат во преговорите за Законот за јавното обвинителство, односно за иднината на Специјалното обвинителство, со цел да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство, откако не се најде заеднички јазик по двата обида со ВМРО-ДПМНЕ.