Британски авион кој требал да слета во германскиот град Диселдорф, поради грешка слетал во Единбург во Шкотска, пишува „Би-би-си“.
Патниците сфатиле по слетувањето дека слетале во друга земја, во моментот кога им било кажано: „Добредојдовте во Единбург“.
Авионот полетал од Лондон, а грешката се случила поради погрешен план за летање што го добил пилотот.
„Им се извинивме на патниците и ги контактиравме сите посебно“, јавија од компанијата „Бритиш ервејс“, но не открија колку патници имало на летот.