Дефанзивецот Диего Годин веќе е рекордер по број на натпревари за Уругвај. Денес дефанзивецот на Атлетико Мадрид излезе по 126-ти пат во дресот на „урусите” при победата со 4:0 во контролниот меч против Тајланд. Годин го остави во историјата најдоброто достигнување досега, кое му припаѓаше на Макс Переира – 125 натпревари.
Годин беше стартер и остана на теренот до 70-тата минута, кога Уругвај веќе водеше со 3:0. Прецизни за јужноамериканците беа Матиас Весино, Гастон Переиро, Кристијан Стуани и Максимилијано Гомез.
Диего има вкупно 8 гола за националниот тим и беше дел од составот кој ја освои Копа Америка во 2011 година. Тој е учесник на 3 светски шампионати
– Од дете сонував да играм за националниот тим, а денес исполнив уште еден сон. Тоа е мојата најголема награда и вистинска гордост, напиша Годин на „Твитер”.