Поголем дел од Каракас и други делови од Венецуела повторно останаа без струја, а локалните медиуми пренесоа дека во моментов во мрак се наоѓаат најмалку шест области во земјата.
Поради недостатокот од електрична енергија, сопрен е сообраќајот во подземната железница во Каракас, пренесе „АП“.
Струја немаше ни пред две недели во оваа јужноамериканска земја, а претседателот, Николас Мадуро за тоа ги обвини САД. Кога дојде струјата, Мадуро изјави дека тоа е најголемата победа на неговата влада.