Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека 50 проценти од членството на ДУИ на престедателските избори ќе гласа за Блерим Река.
Според преставникот на Алијанса за Албанците, да не беше СДСМ, ДУИ сега ќе имаше градоначалници само во Липково, Сарај и можеби во Кичево.
Во однос на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски Таравари рече дека во 2014 година кога Пендаровски загуби во трката со Ѓорге Иванов, во вториот круг гласал за него.