На квалификацискиот натпревар за Европското првенство во 2020-та година помеѓу репрезентациите на Португалија и Србија, се повреди Кристијано Роналдо.
Ѕвездата на Португалците го напушти натпреварот во 30-та минута откако се пожали на повреда после еден спринт.
После интервенцијата на медицинскиот тим на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо мораше да биде заменет, по што го напушти теренот. Според првичните информации, станува збор за истегнување на мускулот на задната ложа, а опоравувањето од ваква повреда би можело да трае околу еден месец,
За околу две седмици Јувентус го игра првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите против Ајакс, а тој дуел најверојатно Роналдо ќе го пропушти.