Полицијата уапси еден Британец кој се обиде да избега со џет-ски од најсеверната точка на Австралија.
За 57-годишниот бегалец беше издадена потерница во Западна Австралија поради кривично дело поврзано со дрога, објави во средата австралиската федерална полиција.
Полицијата во понеделникот доби дојава дека е забележан маж како седнува на џет-ски, снабден со дополнително гориво, во заливот Пундсанд во Кејп Јорк и преку теснецот Торес се упатил кон 150 километри оддалечената Папуа Нова Гвинеја
Полицијата го лоцираше џет-ски скутерот на источната страна на островот Сајбај, околу четири километри од брегот на Папуа Нова Гвинеја и го уапси бегалецот.
„Секој што мисли дека незабележан може да влезе или да излезе од Австралија на овој начин треба повторно да размисли”, рече командантот на австралиската гранична служба, Џо Крукс.