Седумдесет и двегодишниот Алојз Шименц од Љубљана, кој пред три години ја прегази сосетката со ултра лесен спортски авион и сериозно ја повреди, Окружниот суд во Љубљана во вторникот го осуди на една година условна казна со трајно одземање на дозволата за летање.
Страсниот летач во текот на судењето ја призна својата вина и ѝ се извини на оштетената жена, и се договори со обвинителството, објавија словенечките медиуми.
Според љубљански „Дневник”, Шименц со сопственото ултра лесно летало во 2016 година се обидел да слета на тревникот при што скршнал на макадам, каде што шетале две жени, од кои едната му била сосетка и сериозно ја повредил.
Во судот тој изрази жалење за настанот кој многу го погодил и рече дека е подготвен на сосетката во иднина да ѝ помага финансиски или на друг начин.
По ова несреќно слетување љубљанчанецот продолжи да лета со својот авион, но минатата година доживеа нова несреќа во која не беше повреден, но авионот целосно изгоре.