Дебитантот во НБА лигата, Словенецот Лука Дончиќ го израмни рекордот на легендарниот Меџик Џонсон од седум трипл-дабл ефекти во својата дебитантска сезона. Кошаркарот на „Далас Маверикс“ на вчерашниот пораз против „Сакраменто Кингс“ 121:125 постигна 28 поени, 12 асистенции и 12 скокови.
До крајот на сезоната Дончиќ ќе има уште прилики да постави нов рекорд во НБА Лигата.