Лидерот на венецуелската опозиција и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, бил нападнат од група луѓе во својот автомобил, пренесува „Спутник“.
Гуаидо претходно истиот ден ги повика граѓаните да вршат максимален притисок врз властите на Венецуела и да ја принудат владата да поднесе оставка.
#AHORA Momento en el que el presidente encargado de la República, @jguaido sale de la Asamblea Nacional, el vehículo en el que se traslada fue atacado con golpes y objetos contundentes por grupos paramilitares armados #26Mar pic.twitter.com/zYVSQvVE4U
— VPItv (@VPITV) March 26, 2019
Снимките, објавени од VPI TV, го покажуваат автомобилот на Гуаидо запрен на семафори кога одеднаш еден човек го клоца автомобилот, а потоа се обидува да отвори една од вратите на возилото.
По нападот на човекот во автомобилот, група минувачи почнуваат да фрлаат нешто врз автомобилот што се повлекува. Пред видеото нагло да прекине, може да се види и голем облак од чад.