По грешка уплатил две лото ливчиња и добил 46.6 милиони долари
Еден работник во Мелбурн, Австралија освоил 46,6 милиони американски долари на лотарија, откако по грешка уплатил два лото ливчиња со исти броеви, пишува „Дејли Меил“.
Мажот уплатил едно лото ливче во Сент Албанс, а потоа случајно уште едно со истите броеви на друго продажно место.
Секое лото ливче поединечно му донело добивка од 23.3 милиони долари, а џекпотот бил толку голем бидејќи никој не го освоил во последните седум недели.
Уште еден добитник освоил 23.3 милиони долари во Хобарт и допрва треба да си ја подигне добивката.
Во случај мажот да уплатил едно лото ливче наместо две, наградата би била поделена меѓу двајцата играчи и секој би добил по 35 милиони долари.
Меѓутоа, бидејќи еден играч уплатил две лото ливчиња, наградата е поделена на три дела, а со тоа и две третини од џекпотот, односно 46.6 милиони долари.
Мажот кој ги уплатил двете лото ливчиња изјавил дека ги играл истите броеви 30 години и оти сега размислува за пензионирање, да купи нова куќа, а можеби и со семејството да отиде на одмор.