Советот на ЕУ усвои две регулативи во областа на правдата и внатрешните работи, кои треба да овозможaт поефективни проверки на границите и подобрување на безбедноста.
Интероперабилноста на информатичките системи ќе им овозможи на системите меѓународно да се надополнуваат едни со други, да се олесни точната идентификација на луѓето, да придонесат во борбата против измами поврзани со идентитетот, да овозможи поефикасни контроли на надворешните граници, и да помогне во спречување на илегалната миграција и нејзно сузбивање, при што основните права да бидат заштитени, соопшти Советот на ЕУ. Тоа значи дека граничната полиција ќе знае повеќе информации за нас.
Со системи, опфатени со овие две регулативи, на националните власти им се пружа поддршка во областа на безбедноста, управувањето со границите и миграцијата, како и во процесот на аплицирање за виза и азил. Со новите регулативи не се менуваат правата за пристап утврдени со релевантната законска основа за некои европски информациски системи, но ја олеснува и подобрува размената на информации.
“Со интероперабилноста, која денес легално заживеа, наскоро ќе бидат отстранети слепите точки кои постојат во нашиот информациски системи. Оние кои работат на границите на сочување на безбедноста на граѓаните на ЕУ, полициските службеници и граничната полиција ќе имаат пристап до информации кога им требаат и каде им требаат. А криминалците повеќе нема да можат да се провлечат низ мрежата “, изјави комесарот за безбедност Џулијан Кинг.