Словенец доби условна затворска казна – ја прегазил сосетката со авион

Словенец доби условна затворска казна – ја прегазил сосетката со авион

Алојзиј Шименц (72) од Љубљана, кој пред три години ја прегази и повреди сосетката со ултралесен спортски авион, вчера во Окружниот суд во Љубљана е осуден на условна затворска казна од една година и на трајно одземање на дозволата за летање. Тој во текот на судскиот процес ја признал вината, и’ се извинил на сосетката и рекол оти во иднина ќе и’ помага финансиски и на други начини, пишуваат словенечките медиуми.

Во 2016 година Шименц при обид за слетување со сопстениот авион на тревник – импровизирано шеталиште, скршнал на макадам по кој шетале две жени, од кои едната била неговата сосетка, која останала повредена од ударот на спортскиот авион.

Треба да знаете
Последни објави