Врховниот суд завчера донел решение по жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Империја“ и му го укина куќниот притвор.
Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.
Според образложението на највисокиот суд, решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на општата седница на овој суд одржана на 30 јануари 2019 година, бидејќи мерката куќен притвор кон обвинетиот Сашо Мијалков е определена по барање на СЈО кое не е овластен тужител во оваа постапка.