Општина Бутел во понеделник, 01.04.2019 со почеток во 12 часот на паркингот пред општината ќе го одбележи Денот на шегата 1- ви април. По тој повод ќе се одржи ревија на маски во која ќе учествуваат ученици од сите седум основни општински училишта.
Првоаприлската ревија на маски ќе ја отвори градоначалникот Велимир Смилевски.
Оваа првоаприлска ревија ќе има натпреварувачки карактер. Ќе бидат наградени најуспешните групни и поединечни маски, а сите учесници ќе добијат пофалници.