Хрватска на 10-то место по издвојување пари за НАТО

Според последните податоци на НАТО за одбранбените издвојувања на земјите членки од март 2019 година, Хрватска се најде на 10-то место меѓу 28-те членки на Алијансата.

Вкупните одбранбени издвојувања на Хрватски во 2018 година, според податоците, изнесуваат 1,71 процени од БДП, пишува „Вечерњи лист”.

До неодамна, Хрватска беше 16-та на таа скала на издвојување средства за одбрана, а издвојуваше 1,3 проценти од БДП.

Подигнувањето за шест места не значи дека е резултат на значителното зголемување на воениот буџет, кој и инаку е поголем, туку поради тоа што Хрватска започна својот удел во воените трошоци да го смета како останатите членки. Така, Загреб ги зел предвид трошоците за одбрана и пензиите на професионалните војници.

Според статистичките податоци на земјите членки, САД продолжуваат да доминираат, бидејќи за војската трошат 3,39 отсто од БДП. Грција издвојува 2,22 проценти, Велика Британија 2,15 проценти, Естонија 2,07 проценти, Полска 2,05 проценти, Латвија 2,03 проценти, Латвија 2 проценти.

Треба да знаете
Последни објави