Американскиот поморски институт, едно од најголемите професионални воени здруженија во САД во кое членуваат многу поранешни врвни воени стратези, објави сценарио за конфронтација меѓу американската и турската флота во третото издание на книгата „Флотни тактики и поморски операции” .
Книгата, објавена на 15 јуни 2018 година, го привлече вниманието на турскиот весник „Јени шафак“, кој објави кус осврт на замислениот конфликт опишан во нејзиното 15-то поглавје.
Книгата опишува наводно сценарио во кое турската морнарица потопува грчки бродови кои носат балистички ракети во јужен Кипар, иницирајќи воен конфликт помеѓу земјите. Според сценариото, Турција потоа ги напаѓа островите Лимни, Лесбос, Хиос, Самос и Кос во Егејското Море. Двете држави кои се вклучени во конфликтот се опишуваат како „заколнати непријатели”.
Понатаму, според сценариото опишано во книгата, Шестата флота на САД ќе интервенира во конфликтот во обид да го спречи тоа, поддржувајќи ја Грција и дејствувајќи против турските војници.
„Сценариото, според кое Шестата флота на морнарицата на САД ја напаѓа турската морнарица, ги покажува почетокот на конфликтот меѓу Атина и Анкара и акциите на САД, кои ја поддржуваат Грција во овој конфликт”, пишува весникот.
Понатаму, во сценариото се опишува УСС „Хари Труман“ и локалните американски воени бродови што се подготвуваат за конфронтација, додека американската војска распоредена на островите Хиос и Аморгос ги напаѓа турски градови Ајвалик, Измир, Чешме, Кушадаси и Бодрум. Во исто време, американската флота се очекува да ја нападне турската морнарица северно од Крит.
Иако воведот на книгата нагласува дека сите сценарија и настани во неа се чиста фикција и го претставуваат личното мислење на авторите, „Јени шафак“ посочува дека сите оние кои придонеле за нејзината содржина, како и шефот на американскиот поморски институт, се поранешни врвни американски воени стратези- факт што го става под сомнеж фикциониот карактер на опишаните сценарија и води кон помислата дека книгата дава „навестувања” за можниот став на Вашингтон во случај да избувне вистински конфликт меѓу Атина и Анкара.
Гореспоменатиот наводен конфликт се однесува на тековните тензии помеѓу Грција и Турција во Егејското Море, предизвикани од судирот во врска со статусот на Кипар, кој останува поделен уште од 1974 година кога Турција го нападна северниот дел на островот. Овие тензии доведоа до неколку поморски инциденти во близина на Кипар и други спорни острови во кои беа вклучени грчки и турски воени бродови.
И односите меѓу САД и Турција неодамна влегоа во надолна линија откако Турција потпиша договор за купување на руски системи за воздушна одбрана С-400 . Вашингтон е загрижен дека неговите радари ќе можат даго откриваат нивниот најнов авион на С-35 кој требаше да биде испорачан во Турција.
САД се заканија дека ќе ја замрзнат испораката ако Турција не се откаже од договорот за С-400. Анкара одби да го стори тоа, но во исто време нагласи дека бара навремена испорака на Ф-35.