Излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 12 април без договор е најверојатно сценарио, објави Европската комисија откако британскиот парламент по трет пат го одби предлогот на премиерката Тереза Меј за излез на земјата од Унијата.
„Излегувањето без договор на 12 април е најверојатно сценарио. ЕУ се подготвува за тоа од декември 2017 година и сега е целосно подготвена за тоа сценарио на 12 април на полноќ“ се наведува во соопштението на Европската комисија.
Лидерите на 27-те членки минатата недела на самитот одобрија одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ за 22 мај под услов договорот за разделба да биде потврден до денеска, за кога првично беше планирано излегувањето.
Со оглед дека договорот е одбиен, сега отпаѓа 22 мај како датум за излез на Британија од ЕУ и одложувањето трае до 12 април до кога Британија мора да одлучишто ќе преземе понатаму за брегзит.