Жртвите од вчерашниот голем пожар во деловна зграда во Бангладеш, најверојатно, биле заробени, зашто излезите за итни ситуации биле заклучени, соопштија властите.
Најмалку 25 луѓе загинаа, а 70 се повредени во пожарот. Во обид да се спасат, шестмина од жртвите загинале така што скокнале од зградата која горела. Многумина биле заробени во горните катови, каде што и избил пожарот.
Од противпожарната служба соопштиле дека во опожарената висококатница недостигала опрема за заштита од пожари. Сè уште не е јасно што го предизвика пожарот во комерцијалниот округ Банани. Владата нареди истрага.