Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, рече дека очекува напаѓачот Антоан Гризман да остане во клубот и покрај шпекулациите за негово заминување.
Претходно беше објавено дека 28-годишниот Французин може кариерата да ја продолжи во Барселона.
– Дали можам да ја замислам следната сезона без Гризман во Атлетико? Не. Тој има договор со клубот и е еден од нашите предводници. Гризман даде се од себе откако се пресели во Атлетико. Мислам дека утре ќе има одличен натпревар против Алавес. Тоа е сè што можам да ви кажам за неговата ситуација.
Гризман е во Атлетико од 2014 година. Со мадридскиот клуб ја освои Лига Европа, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.
Оваа сезона, францускиот репрезентативец за „јорганџиите” одигра 39 натпревари, постигна 18 гола и оствари осум асистенции.