Поради смртни закани кон Заев уапсен е водач на Христијанско братство
Вечерва во Брвеница, кај Тетово, е уапсен водач на така нареченото патриотско здружение, Христијанско братство, Жарко Гроздановски. Тој преку видео порака му се закани со смрт на премиерот Зоран Заев. Со хистеричен глас се закануваше дека ќе ја запали Македонија.
Неговите закани добија поддршка од неколку стотини следбеници на неговиот ФБ профил.