Европската унија официјално го продолжи мандатот на поморската мисија за фаќање на криумчари со мигранти во Медитеранот, “Софија”.
Сепак, ЕУ не може да распореди бродови поради спор со италијанската влада.
ЕУ соопшти дека операцијата „Софија”, која се занимава со фаќање на криумчари, со обучување на либиската крајбрежна стража и спроведување на ембаргото за оружје во Либија, ќе биде продолжена до 30 септември.