Специјалните полициски сили спороведоа во западниот и јужниот дел во Германија претреси во повеќе станови, пришто уапсија десетина исламисти поради сомнеж дека подготвувале терористички напад во земјата, изјави обвинителството во Диселдорф.
„Се врши истрага поради сомнеж за подготовка на тешко казнено дело насочено против државата“, стои во кусото соопштение на обвинителството и се наведува дека се работи за припадници и симпатизери на т.н Исламска држава.
Германските весници јавуваат дека меѓу уапсените има Таџикистанци кои планирале наскоро да извршат терористички напад на досега недефинирани цели во Диселдорф.