На 31.03.2019 во 04.30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.