Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло. Наутро ќе биде свежо, а преку денот ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од -1 до 6, а максималната температура од 17 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со температура во интервал од 4 до 23 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд претежно во планинските делови и поинтензивни кон крајот на неделата. Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните ќе опаднат. Ќе дува претежно јужен до југоисточен ветер најинтензивен во петок.