Не мора да значи дека сексот за една вечер може да заврши само на таа вечер. Различни истражувања покажуваат дека таквата средба може да се развие и во сериозна врска.
Антрополог во едно истражување направила анкета на 5.000 испитаници токму на оваа тема. 27 проценти од нив признале дека барем еднаш доживеале по сексот на една ноќ да се развие сериозна врска.
Ова и не е толку изненадувачки, со оглед на тоа што самците од почеток сакаат да дознаат сè што е можно за потенцијалниот животен партнер. Можеби звучи неромантично, но и таа една ноќ е еден вид тест.
Истражување во Ајова откри дека врските создадени по сексот за една вечер се исто така исполнети, како и оние кај кои се чека до секс. Освен исполнет сексуален живот за партнерство се важни и заедничките очекувања за иднината и заедничките вредности. Значи, личен вкус е дали ќе дојде до секс по првата средба или подоцна.
Како и да се одлучите, треба да внимавате на вашето сексуално здравје.