Една од најбогатите жени во Русија, Наталија Филева, сопственичка на авиокомпанијата С7, загина во авионска несреќа во Германија, соопшти нејзината фирма.
Филева (55) летала со мал авион „ЕпикЛТ“ со шест седишта, кој се урнал и се запалил вчера додека се приближувал кон малиот аеродром во Егелзбах, во југозападна Германија, на 10 километри од Франкфурт.
Германската полиција соопштила дека во авионот биле тројца луѓе, вклучително и пилотот и дека се претпоставува дека двајцата патници биле руски државјани.
Германските власти ја истражуваат причината за несреќата.
Според „Форбс“, богатсвото на Филева е проценето на 600 милиони долари.