Новиот јапонски цар носи ера на „ред и хармонија“

Новата јапонска империјална ера ќе започне на 1 мај, кога принцот Нарухито ќе стане цар и ќе биде познат под името Реива, објави денес Токио, според „Ројтерс“.

Според „Би-би-си“, владеењето на секој нов јапонски цар, или „генго”, добива име кое заедно со западниот календар ги означува и годините во Јапонија.

Името на новата ера „Реива” ќе значи ред и хармонија.

Во модерната историја на Јапонија, постојат само четири ера, а нивните имиња стануваат важни за секојдневниот живот во Јапонија, новото име на ерата ќе се појави на монети, возачки дозволи и во официјална комуникација.

Претходната ера „Хеисеи”, што значи постигнување мир, траеше од 1989 година до денес.

Треба да знаете
Последни објави