Тројно и двојно е намален водостојот на поголемиот дел од реките споредено со просекот за април, покажуваат дневните и неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Трипати е пониско нивото на Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, а двојно е пониско нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје – железнички мост и кај Велес.
Непроменети се нивоата на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро