Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 400 беа повредени во силна бура што ги погоди јужните делови на Непал, објави локалната полиција.
Полицискиот службеник Сатија Нараjан Тапа рече дека бурата ги погодила областите Бара и Парса во јужен Непал доцна во неделата. Овој земјоделски регион се наоѓа на околу 120 километри јужно од Катманду.
Повеќе од 400 лица беа повредени, а 27 загинаа во овие две области, изјави Нарајан за ДПА.
Бурите се чести во Непал особено во пролет, но експертите велат дека бурата во неделата била катастрофална.
Секоја година стотици луѓе умираат во бурите во Непал, особено за време на монсунските дождови кои предизвикуваат поплави и активирање на лизгање на земјиштето, а траат од јуни до септември.