Груевски: Апелација ќе му „тресне“ на Заев една ослободителна пресуда, ќе ја засени и Кацарска..

Бегалецот Груевски пред 45 минути повторно се јави на Фејсбук. Овој пат тој реагира дека Кацарска намерно ја одгдолговлекува пресудата на Апелацискиот суд за случајот „Поткуп“, во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев. Вели дека за предметот Апелација речиси една година не ја соопштува одлуката, а за споредба, целата постапка против него се одвивала исклучително брзо.

„Најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот ,,Тенк,, за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…

А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.

Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!

Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…

Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…“, напишал Груевски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157269954522716?__xts__%5B0%5D=68.ARDR9zoUlvl-YxYYPH1QKlAczvTnJLMSA9_OfIczZiOFzALX8-k2Y0U1KVrn_X5xhR6XFs1uAGxVqr6Dqu_-EMKlqsXpxKsfXBtYrD1vdB21Wnh9__j6YFjXQqMdJz1rCIK8wCwvie0J-DA9BP23p3HIYj1HazHC92rTjByMqSsRZQdYNrrGsQbR_2hs9A0WswsRkv6FSvFLN1o9PD2RlsEoJUWQUuGHtph6_xMOInXxDzDtX4p_8SE2Fvoc1jONpxciomT7Yde3bCGsTkrnRu8zrYZ4ylBff6GUzVWSad8y6SEy7Fl2356ePaa_8GQBvbrSNH9xJQNk-Zv7yw&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави