Центар за ученици со посебни образовни потреби во Скопје

 Во Скопје следната недела ќе биде отворен Центар за ученици со посебни образовни потреби кои следат редовна настава во основните училишта, во кој преку различни методи и игри на неформално образование ќе се запознаваат, ќе се социјализираат и ќе учат нови работи.

Во центарот ќе се реализираат тим билдинг активности за развој на тимски дух,  учење преку игри и квизови, изработка на проекти, кратки глуми за развој на драмски способности, учење танци од различни култури, посета на зоолошка, театар и кино, изработка на различни производи (честитки, новогодишни украси, мартинки, велигденски украси, накит и слично).

Центарот  е иницијатива од областа на социјално претприемништво „Ајде да се дружиме”, како дел од проектот „Вклучи се за промена!”  на Здружение ЛЕАД, со поддршка од Агенција за млади и спорт.

Целата идеја и организација на проектот е реализирана од 10 ученици од училиштето САБА од Скопје каде е и локацијата на Центарот којшто ќе работи секој понеделник и четврток од 19 часот. Учеството е бесплатно

Треба да знаете
Последни објави