Јеховините сведоци денеска објавија дека еден од нивните руски следбеници, Сергеј Скриников, поради припадноста на таа група бил обвинет за екстремизам и казнет со парична казна од 5.350 долари.
Групата тврди дека Скриников бил прогласен за виновен пред судот во рускиот град Ореола за учество во работата на екстремистичка организација, објави АП.
Русија официјално ги забрани Јеховините сведоци во 2017 година и ја прогласи оваа група за екстремистичка организација.