Еден ресторан во Токио нуди хамбургер од 800 евра како дел од прославата на доаѓањето на новиот цар на почетокот на мај. Хамбугерот е тежок три килограми.
Се состои од деликатесна паштета од црн дроб, говедско и црн тартуф, а на горниот дел има златна прашина.
„Сакаме да ги прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија“, рече Патрик Шимад, шеф на кујната во ресторанот.
Хамбургерот наречен златен џиновски бургер чини 800 евра и ќе биде на менито на ресторанот до крајот на јуни.
Јапонија веќе долго време го забранува јадењето месо, но забраната ја укина царот Меиџи во 1872 година, а од крајот на Втората светска војна хамбургери се прават и се продаваат во Јапонија.
Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 30 април 2019 година, што ќе биде прво доброволно напуштање на престолот по два века. Акихито (83) во 2016 година изрази желба да абдицира поради годините и здравјето. Ден подоцна принцот Нарухито ќе биде крунисан и со тоа ќе почне нова ера.