Официјално Ердоган го изгуби и Истанбул

И официјално Ердоган го изгуби Истанбул

Во Турција во неделата се одржаа локални избори, а според прелиминарните резултати, партијата АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган изгуби во поголемите градови како Анкара и Истанбул.

Како што е објавено, опозициската ЦХП со повеќе гласови ја освои престолнината Анкара. Повеќе гласови има и во Анталија и во измир, а според податоците кои ги објави „Хуриет“, неизвесна беше борбата во Истанбил, но ЦХП води за нијанса и официјално.

Во Анката владејачката партија освои 47,10 отсто од гласовите, додека ЦХП 50,91 отсто.

И во Истанбул но со малку гласови сепак опозицијата, ЦХП  е во предност и има 48,79 отсто, а АКП 48,51 отсто.

И официјално кандидатот на опозициската партија, Екрем Имамоглу е новиот градоначалник на Истанбул.

Треба да знаете
Последни објави