Грчкиот премиер Алексис Ципрас и делегацијата составена од министри и бизнисмени се очекува да долета во Скопје околу 9 часот.
Ова е прва посета на еден грчки лидер на Скопје, а Ципрас ќе се сретне и со собранискиот спикер Талат Џафери.
Дел од медиумите во соседна Србија пишуваат дека Ципрас доаѓа во посета на поранешниот непријател.