ВМРО-ДПМНЕ: Заев должи одговор зошто излажа дека нема фирми во странство

Јавноста станува сериозно загрижена за паранојата и забеганоста во СДСМ. Прво бараа ВМРО-ДПМНЕ да ги осуди пожарите, сега бараат фотографии да добиваат од секоја активност на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајно и мизерно, но да е уште пострашно ја покажува целата тоталитарност и нервоза што владее во криминалниот картел на власт предводен од Заев.
Одговори и одговорност пред граѓаните треба да има од Заев, затоа што тој должи да каже зошто излажа дека нема фирми во странство, а постојат најмалку три семејни фирми во Петрич. Заев должи да одговори зошто ја лажеше јавноста за живот. Заев должи одговори за причините за економски колапс, осиромашување, на сметка на непотизмот, растечката корупција и криминал во Македонија.

СДСМ наместо да праќа криминални агенти со луксузни возила, треба да се подготви за жестокиот пораз којшто граѓаните ќе им го испорачаат на претстојните избори“, додаваат од опозициската партија.

 

Треба да знаете
Последни објави