Даночните олеснувања во Велика Британија во спротивност со правилата на ЕУ

Европската комисија оцени дека даночните олеснување што Велика Британија им ги нуди на некои меѓународни компании се во спротивност со правилата на ЕУ.

– Тоа е илегално според правилата на ЕУ. Велика Британија треба да ги надомести овие државни субвенции, изјави еврокомесарката за конкурентност Маргрете Вестагер.

Таа нагласи дека ЕУ очекува Велика Британија да ги исполнува своите обврски пред и по истапувањето од Унијата.

Во реакцијата на Еврокомисијата не се посочува колкава сума на средства треба да надомести Лондон, како ни имињата на компаниите на кои им биле дадени даночни олеснувања.

Треба да знаете
Последни објави