Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутреш денеска во главниот град на Египет, Каиро изрази солидарност со муслиманите ширум светот, осудувајќи го говорот на омраза и расизмот, како и антисемитизмот.
Според него, говорот на омраза станува речиси секојдневие и се шири како шумски пожар низ социјалните мрежи и радијата.
– Во ова време на потешкотии и поделби, мораме да се држиме заедно и да се штитиме едни со други. Ништо не го оправдува тероризмот и станува посебно одвратно кога се повикува на религијата, посочи Гутереш и додаде дека „мора да се поддржува и промовира човековото достоинство и универзалните човекови права”.
Изјавата на генералниот секретар на ОН уследи по средбата на главниот имам на големата џамија во Каиро, шеикот Ахмед ел Таиб.