Богаташите од оваа земја нарачуваат пица од Лондон која им ја носат со авион

Министерот за земјоделие во Нигерија обвини одредени богаташи дека ја нарушуваат економијата на земјата така што преку телефон нарачуваат пица од Лондон, која потоа им ја испорачуваат со авион.

 

Ауду Огбех, министер за земјоделие во владата на Нигерија изјави дека богати жители на земјата преку мобилни телефони нарачуваат пица од Лондон. Тој изрази загриженост поради претераниот увоз во земјата.

„Тие купуваат пица во Лондон, а потоа ја преземаат од аеродром каде ја доставуваат авиони. Тоа е многу вознемирувачка ситуација и мораме брзо да сечеме некои работи во корен. Фармерите губат пари затоа што преработувачите немаат доволно пари да покренат фабрики“, вели министерот.

Целата приказна околу пицата се покрена бидејќи владата на Нигерија се обидува да ја намали количината храна што ја увезува, бидејќи тоа штети на локалната економија. Тврдењето на министерот предизвика различни реакции на Twitter. Tвитерџиите на целата оваа работа гледаат како на добра шега.
Треба да знаете
Последни објави