Гордана Силјановска е лицемерна и нуди лажен патриотизам исто како и Христијан Мицкоски.
Дури и слоганот на Силјановска е лажен и лицемерен. За каква правда зборува Силјановска кога брани криминаци и насилници осудени за насилствата од 27 април? Се повикува на правда, а ниту еднаш не се огради од тоа што почесниот претседател на партијата што застана зад нејзината кандидатура е осуден криминалец и бегалец од правдата. Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, лаже дека е за правда и е иста како Христијан Мицкоски.
Лицемерното однесување пред граѓаните е неприфатливо.Затоа граѓаните на изборите ќе одберат искрен и чесен претседател кој ќе работи во интерес на правото и правдата.
Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател што достојно ќе ја претставува државата.