Откако Жозе Мурињо неодамна доби отказ од Манчестер Јунајтед, Португалецот сега се поврзува со тренерското место кај неколку европски клубови.
Голема е веројатноста Нико Ковач да добие отказ по крајот на оваа сезона, па Баерн Минхен е еден од клубовите кој се споменува како можна следна дестинација на Жозе Мурињо.
„Баерн? Зошто да не? Тоа е земја во која никогаш не сум работел и би можел да се обидам да ја освојам третата титула во Лигата на шампионите со трет различен клуб“, изјави Жозе Мурињо.
Сепак, тоа што е интересно е што Мурињо, пред неколку сезони порача дека Германија е земја каде што веројатно никогаш не би работел како тренер, а англиските медиуми потсетија на неговата изјава: „Дали ме интересира да работам во Германија? Мислам дека тоа е единствената земја од петте најсилни европски првенства каде што никогаш нема да работам“.