На меѓународниот турнир „Солидарност опен 2019″ кој се одржа во Скопје каратистите на „Маваши” од Кисела Вода освоија 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени.
Во конкуренција од над 500 натпреварувачи на турнирот златни медали освоија Ана Љубевска, генерација 2008 година и Адријан Зекири, помлад кадет. Додека, со бронзени медали се закитија Атила Зекири, помлад кадет и Марта Димковска, кадет.