Христијан Мицкоски паѓа се пониско. Нема идеја, план ниту програма. Соочен со тоа што нема поддршка од граѓаните, во паника го принудува подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на неморално и неетичко однесување.
За Христијан Мицкоски, исто како и за нив не постојат никакви етички норми и принципи.
Видеото, одобрено од Мицкоски, во кое членови на Унијата на млади сили, злоупотребуваат и малтретираат животни е скандалозно, недолично и само потврдува дека кај Христијан Мицкоски владее истата матрица на Никола Груевски.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од јавноста се препознаени како деструктивен елемент и затоа на претстојните избори граѓаните ќе ги казнат нивните антидржавни и деструктивни политики.